,,Летото е најубавото годишно
време бидејќи обврските со училиште ми завршуваат и имам многу повеќе слободно време
да се посветам на читање на книги што особено ме релаксира. Поминував покрај “Клуб Матица” и забележав со големи букви натпис ,,60 летни денови, 60
нови наслови’’, што
ме привлече да влезам и да ги разгледам книгите кои беа дел од оваа летна
понуда. Имаше многу интересни книги, така што ми беше потребно повеќе време за
да се одлучам кое дело да го купам.
Книгата ,,Рингишпил’’ од Јелена Бакиќ Алимпиќ го привлече моето
внимание. Истата толку ми беше возбудлива што ја прочитав за едно деноноќие. Приказната
за една млада балерина, за која љубовта е поважна од животот и судбината, која
изобилува со страсна, длабока и немерлива љубов е основната тема на оваа книга.
Со нежни и елегантни емоции, грациозна, со богат лирски израз, љубовна приказна
во Рингишпил не потсетува за вистинските вредности, за кои вреди да се живее.
Возбудлива книга која ме
остави без зборови и уште еднаш ми потврди дека сеуште постојат вистински, големи љубовни приказни'', изјави____ топло
препорачувајќи им ја на сите оние кои сакаат искреност и немерлива љубов.